Жена во центарот на голема измама во Русија: Го променила презимето во Шојгу и измамила десетици луѓе
Русинка која го сменила презимето во Шојгу и се претставувала како роднина на рускиот секретар на советот за безбедност и поранешен министер за одбрана Сергеј Шојгу, измами десетици луѓе за пари, пренесе „Танјуг“.
Адвокатот што ги застапува трите жртви, Саид Јарахмедов, изјави за „РИА Новости“ дека жената ги сменила податоците за пасошот и добила документи на име на Сергеј Шојгу.
После тоа, таа запознала луѓе и им понудила да инвестираат во нејзиниот бизнис за да добиваат месечен приход.
Според адвокатот, измамницата кратко потоа исчезнала.
„Некој ѝ дал милион рубљи (околу 11.000 евра), некој 1,2 милиони, 1,5 милиони. Вкупно, неколку десетици жртви беа оштетени“, рече Јарахмедов.
Тој додаде дека против неа е поднесена кривична пријава до полицијата.