Жена загина во пожар во Србија, откако гром и ја запалил куќата
Жена загинала во пожар во Ковачица во Србија, кој избувнал откако гром удри во дрво, соопшти Полициската управа Панчево.

Според нив, гром удрил во дрво покрај куќата и пожарот се проширил на куќата. Жената се обидела да го изгасне пожарот, но вдишила јаглерод моноксид.






