Жена загина во Солун во експлозија на бомба – веројатно додека го пренесувала експлозивниот механизам

Во експлозија на бомба што рано утрово се случи во центарот на Солун, животот го загуби 38-годишна жена, која веројатно загинала додека го пренесувала експлозивниот механизам, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролката на грчката полиција Константина Димоглиду, говорејќи за телевизиите ЕРТ и Скај посочи дека загинатата има криминално досие и ѝ е позната на полицијата за кражби во Солун и се истражува сценариото самата да ја пренесувала бомбата, а целта да бил банкомат што се наоѓа во близина на експлозијата.

Експлозијата се случи околу 5.30 часот утрово, предизвика штета на излозите на соседните продавници, како и на возилата паркирани во близина.

Очевидци за грчките медиуми рекоа дека експлозијата била многу силна

Back to top button
Close