Жена заврши на клиника со тешка депресија, откако лажен Бред Пит ја убедил да се разведе од сопругот и и извлекол голема сума на пари

53 годишна жена ностанала без 830.000 евра, откако се вљубила во измамник кој се претставувал како холивудскиот актер Бред Пит ја излажал дека боледува од канцер на бубрег.

Ана (53) е Французинка која се занимавала со внатрешен дизајн, а нејзиниот сопруг имал успешна фирма.

Приказната со лажниот Бред Пит започнала во февруари 2023 година, кога на Инстаграм добила порака, наводно од мајката на Бред Пит. Започнале да разговараат, се запознале, споделиле искуство од скијање во ски-центарот Тигнес во Франција, а веќе наредниот ден Ана добила порака од лице кое се претставило како Бред Пит.

Започнале да комуницираат, се зближиле, и таа секојдневно добивала пораки, фотографии и видеа од наводниот Пит, но и од неговата мајка. По некое време, тој ја замолил да му испрати пари, бидејќи му требале за лекување на канцер на бубрег, а како што кажал, не можел да располага со своите пари се додека не се финализирал разводот со Анџелина Џоли.

Лековерната жена во повеќе наврати му испратила поголеми суми на пари, а во меѓувреме и се развела од сопругот, очекувајќи брак со Бред Пит.

Целата приказна паднала во вода кога неодамна медиумите објавија фотографии од Пит со неговата нова девојка Инес Де Рамон. Тогаш Ана се посомневала дека е измамена и случајот го пријавила во полиција

Back to top button
Close