Жерновски: Дебакл на надворешната политика на Муцунски, ниту еден успех, само порази и понижувања
После една година влада на ВМРО-ДПМНЕ, резултатите на надворешен план се поразителни. Македонија е понижена, без ниту еден успех, само порази.
Наместо подобри позиции како што ветуваа Македонија е заглавена, со далеку полоша влошена позиција на меѓународен план.
Наместо напредок и гордост –министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски донесе срам и понижување. Наместо европска иднина – блокада и неуспеси.
Со Тимчо Муцунски на чело на МНР се најавува и најголемиот срам во поновата историја – заканата за бришење на македонскиот јазик од Извештајот на Европскиот парламент.
Ова не е случајност. Ова е директен резултат на погубната, погрешна и вазалска политика на Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ обезбеди јазикот да биде впишан во преговарачката рамка. Се потпиша договор со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик, без фусноти, без додавки, без ѕвездички. Значи македонски јазик обезбеден во официјални и обврзувачки документи на ЕУ, прифатени од сите земји членки.
Тоа беше победа на мудрата дипломатија и политиките на СДСМ. За денеска сите тие победи Муцунски заедно со неговиот шеф Мицкоски да ги претворат во порази.
Министерот Муцунски нема ниту еден резултат, ниту еден постигнат договор, ниту еден пријател стекнат.
Тотален дебакл на надворешната политика.
За една година:
-Македонија нема ниту еден меѓународен успех.
-Нема подобра меѓународна позиција, туку влошена.
-Нема подобри преговарачки позиции, нема подобра преговарачка рамка.
-Нема ниту една нова инвестиција од САД која се ветуваше, туку добивме 33% зголемена царина.
-Европскиот пат е замрзнат, Македонија е зад сите земји од регионот.
-Дипломатската мрежа е разурната, партизирана и нефункционална.
-Наместо во периметарот денеска сме на периферијата на демократскиот свет.
-Македонија денес е без компас, без насока и без глас во светот.
Тоа е резултатот од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Тимчо Муцунски.
СДСМ ќе продолжи со борбата за враќање на Македонија на патот на меѓународни успеси, достоинствена, европска Македонија – со заштиен македонски јазик, идентитет и со јасна иднина.
Андреј Жерновски, член на ИО на