Жерновски до Муцунски: Има рок од 3 (три) дена јавно да ми се извини за сите изнесени лаги и клевети. По истекување на овој рок, се гледаме на суд

Членот на ИО на СДСМ и екс-амбасадор, Андреј Жерновски најави тужба против министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски за клеветите за неговата работа како амбасадор во Романија. Жерновски смета дека има основа за правна одговорност за, како што објави, повреда на неговата чест, углед и личен и професионален интегритет.

Со ова, изјавите на министерот Муцунски, во кои изнесе низа на невистинити информации за мојата работа како амбасадор во Романија, и дефинитивно стануваат основ за правна одговорност (клевета) за повреда на мојата чест, углед и личен и професионален интегритет. , стои во Фјесбук објавата на Андреј Жерновски

Тој јавно изнесе клевети дека во Романија сум направил “дисциплинско прекршување на правилата на дипломатското работење коишто се навистина ноторни”. Неговата партија отиде чекор понатаму, па си дозволи на подмолен и крајно вулгарен начин да соопти дека “Жерновски не’ избламира пред членка на ЕУ”.

Вака, со дописот од официјален Букурешт, сите лаги и конструирани напади врз мене паднаа во вода. Инаку, црната кампања започна со веста дека, наводно, сум се степал на официјален прием во романскиот главен град и тоа во присуство на нивната министерка за надворешни работи. За таквата ступидна афера, мошне брзо добија жестока шлаканица во вид на дипломатска нота, па мораа да се извинуваат и да се правдаат.

Она што ќе остане е срамот на една партија, на еден министер и на една влада, кои во пустата желба за инсталирање на партиска дипломатија, ја избламираа државата и го доурнисаа тешко стекнатиот авторитет на нашата надворешна политика. Така вообичаено, барем на меѓународна сцена, завршуваат незрелите обиди за дискредитирање на оние кои размислуваат поинаку.

Истовремено, со вака изнесените невистини за амбасадор на државата, токму министерот е тој кој предизвика штета на интересите на државата и негативно влијае на угледот и кредибилитетот на нашата држава, која е должна да постапува согласно меѓународното право, дипломатските правила и обичаи.

Со тоа, и дефинитивно се создадоа услови за скорешен почеток на судски процеси против него, кои очекувам да завршат со конечни и правосилни одлуки. Секој мора и ќе одговара за своите постапки.

Министерот Муцински има рок од 3 (три) дена јавно да ми се извини за сите изнесени лаги и клевети. По истекување на овој рок, со него ќе се гледаме на суд.

На крај, сакам да им се заблагодарам на сите амбасадори во Букурешт и Скопје, како и на пријателите од другите центри, кои несебично ми ја даваа својата поддршка. , стои во Фејсбук објавата на Жерновски.

Back to top button
Close