Жерновски на видео состанок со новата амбасадорка на Литванија Јурате Рагукјене

– Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, денеска одржа видео состанок со новоименуваниот амбасадор на Република Литванија во Република Северна Македонија, со седиште во Загреб, Јурате Рагукјене, која ги предаде копииите на акредитивните писма.

Како што соопшти МНР, посакувајќи ѝ успех во вршењето на оваа одговорна должност, Жерновски се заблагодари за континуираната и отворена поддршка од Литванија за нашите евро-атлантски интеграции, особено соработката во рамките на Вилнус групата. Тој истакна дека објавената преговарачка рамка е силен поттик за нашите напори за конечно формално започнување на преговорите со ЕУ, по првата Меѓувладина конференција која се очекува да се одржи до крајот на оваа година.

-За многу кратко време ги откочивме процесите кои ги блокираа стратешките определби на нашата земја, а тоа се членството во НАТО и во ЕУ, при што покажавме државнички перформанси, нагласи Жерновски.

Амбасадорот Рагукјене, пак, се поосочува, ја реафирмираше поддршката на Литванија за реализација на нашите приоритети, подвлекувајќи дека ќе ја продолжат поддршката и  за проектите и програмите на ЕУ кои се наменети за нашата земја, и тоа во различните области како што се финансискиот сектор, јавната администрација, јавниот менаџмент, владеењето на правото и воопшто јакнење на реформскиот капацитет во пресрет на процесот на  отворање на пристапни ЕУ преговори.

Соговорниците се осврнаа и на актуелните епидемиолошки состојби и здравствените предизвици со кои се соочува нашиот регион и пошироко, како и на подготовките за одржување на демократски и фер предвремени парламентарни избори во  Северна Македонија, се наведува во соопштението.

Back to top button
Close