Жерновски: Ни ја исклучија струјата на сред митинг во Иловица
,,Ова е денес нашата Македонија.
На средина од митингот во Иловица, Босилово, ни беше исклучена електричната енергија. Срамно, тажно и жалосно!, напиша Андреј Жерновски на фејсбук.
-Но продолживме. Ги вклучивме мобилните за да ја осветлиме бината, а гласот на кандидатката за градоначакник Мариче Кармазичева стана уште посилен и поенергичен. Не и’ требаше веќе озвучување, бидејќи желбата и вербата се посилни од се’!
ВО ОВАА ТЕМНИЦА ВО ИЛОВИЦА ВЕЧЕРВА, НАЈЈАСНО СЕ ВИДЕ РАЗЛИКАТА МЕЃУ НАС И НИВ!, вели Жерновски.
Извор: fokus.mk