Жерновски отповикан од должноста амбасадор во Букурешт, за одлуката дознал од „Службен весник“

Македонскиот амбасадор во Романија, Андреј Жерновски, е отповикан од должноста, а за одлуката, како што информира тој на социјалната мрежа Фејсбук, дознал од „Службен весник“.

Имено, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, донела указ за негово отповикување кој во „Службен весник“ е објавен на 14 февруари 2025 година. Указот, како што се наведува, ќе го изврши министерот за надворешни работи и надворешна трговија.

„Уште не можат да ги преболат трите круга и поразот во Центар. Од објава во ‘Службен весник’ дознав дека сум отповикан од должноста амбасадор на нашата земја во Романија, без никаква претходно добиена информација, што е спротивно на основните процедури пропишани во Уставот и Законот. Трагикомично! По 192 дена откако ме вратија на ‘консултации’ во државата, при што брутално е погазен Законот за надворешни работи, оваа одлука ја дознав сосема неофицијално. Очигледно, партиското резонирање повторно е посилно од законите и дипломатијата“ пишува Жерновски на Фејсбук.

 

Back to top button
Close