Жерновски по одлуката на Владата за кризна состојба: „Лутете се колку сакате, но освен за криминал, за ништо друго не ве бивa“

Членот на новиот Централен одбор на СДСМ, Андреј Жерновски упати критики кон Владата откако беше донесена одлука за постоење кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата.
„Неспособни сте! Лутете се колку сакате, но освен за криминал, за ништо друго не ве бива! Па замислете што ќе се случуваше во државава да бевте вие на власт кога беше светската енергетска криза“, истакна Жерновски и упати прашање до министерката Божиновска.
„И, да ја прашам министеркава за енергетика, Сања Божиновска, која пред само 24 часа не’ уверуваше дека, цитирам, нема да има никаква криза: Како мислиш утре да одиш на работа? Како ќе ги погледнеш во очи луѓето околу тебе дома, на работа, на улица, во самопослуга? Дај си оставка, имај барем основно чувство на срам и одговорност“, стои во објавата на членот на ЦО на СДСМ.






