Жерновски: Само со пријателство се Бугарија ќе ја обезбедиме посакуваната иднина, Јанушев: Не е решение ако прифатиме се што други ќе ни понудат
Ние правиме се да не дојде до вето, се што е во духот на добрососетките односи, ние веруваме во Договорот за соработка, да настапиме умно со мудра стртарегија, да покажеме дека сме конструктивни, изјави поранешниот заменик министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, на денешната дебатана Телевизија 24 со претеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
– Не можам да предвидам до каде ќе оди Бугарија, може ќе оди до крај, но ние ќе ги користиме сите орудија кои ни се на рапсолагање. Едно мора да се знае, и да се случи вето ние ќе продолжиме да разговараме затоа што немаме друга алтернатива за иднината од Европската Унија, истакна Жерновски.
Тој дополни дека јазикот и идентитетот не се тема на преговорите, туку други отворени прашања.
– Нема цена, за јазикот и идентитетот не се разговара, тие две прашања се затворени. Нашата стратегија е седнување и разговареање, само тоа е начин да дојдеме до решение. После да видиме што му пречи на соговорникот и да зборуваме и за тоа. Има многу прашања, но јазикот и идентитетот не се тема. Зборуваме пред се за имплементација на Договорот. Само со пријателство и добри односи ќе ја добиеме иднаната која ја посакуваме, рече тој.
Жерновски ги прозва Јанушев и Мицкоски да кажат и да не се кријат пет дена после објавената лага дека Северна Македонија се распрачува во Софија.
– Водите политика на безнадежност и безперспектива, затоа ви се такви протестите. Слушам како СДСМ работел против државата, па вие петти ден не одговарате, викендот обвинивте дека се распарчува државата, кој ја распадна, како ја распарчи, кој посредувал, кој седел на таа маса. Молчите, а изјавата е кривично дело, рече Жерновски.
Јанушев, од своја страна, нагласи дека протестите на ВМРО-ДПМЕН ќе продолжат, зошто „нема да дозволат распродавање на државата“, додавајќи дека не е решение ако прифаќаме се што други ќе ни понудат.
– Најверојатно не е само Бугарија пречката за тој фамозен датум. Имаме договор со Бугарија кој и тие го прифатиле. Видоа Бугарите дека имаат човек подготвен на се и едноставно таа политика која ја водат Заев и СДСМ, придонесува за тоа секој да си прави со нашата државата што сака, рече Јанушев.
Тој ја обвини власта дека нетранспарентно го води процесот на преговори со Бугарија.
– Преговорите се водат тајно и освен празни флоскули ништо не се кажува. Кој е тој дух на добрососедство кога ти негираат се што е македонско? Нели разбирате дека тоа треба да биде двонасочно? Секојдневно не ништат, не множат со нула, а ние си седиме, се смешкаме и велиме ќе направиме се што треба. Кога ќе видиме и од другата страна дека има намера за добросеседски дух, тогаш може да разговараме. Во меѓувреме нема зошто да трпиме некој да не напаѓа. За тие работи нема што да се разговара. Решенијата кои вие ги нудите не се прифатливи за граѓаните, рече Јанушев.
Во врска со мешовитата комисија за историски прашање смета дека историјата треба да се остави на историчарите.
– Историјата не може да биде нешто врз кое ќе ја градиме иднината. Треба да се продолжат разговорите, но без условување за да добиеме нешто. Билатералните проблеми на државите на ЕУ никогаш не биле предмет на вакви уцени и тоа ЕУ нема да го толарира. Национализмот го потикнува национализмот, рече Јанушев.