Жерновски: Војводо Мицкоски, дали си поднел барање за бугарско државјанство или бугарските медиуми лажат?

Не, не, не, не!

Овие трикови и обиди за дефокусирање не проаѓаат ни во општинскиот комитет во Говрлево.

Неопходно е да се вратиме на главната тема, а тоа е онаа за која веќе втор ден премиерот громогласно молчи !!!

Знам многу добро како умее да демантира вакви вести 5 минути откако ќе се појават, па дури и по полноќ. Но, за оваа вест, го снема во дупка.

Граѓаните, но и дипломатскиот свет, ги интересира одговорот на следново прашање: ДАЛИ МИЦКОСКИ ПОДНЕЛ БАРАЊЕ ЗА БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО?

Нека ни одговори премиерот на сите дека оваа вест е лажна и готово. Ја затвораме темата и сите заедно ќе ги критикуваме бугарските медиуми и оние кои стојат позади нив дека злонамерно и подмолно пласираат дезинформации.

Искрено се надевам дека сето ова е една голема лага.

За крај, ќе се обидам да бидам јасен. Секој македонски граѓанин има право да аплицира за друго државјанство. Мотивите се индивидуални, во најголем случај економски. Но, ако тоа го прави некој политичар, кој сега е и претседател на македонската влада, и кој на таа позиција во голема мера дошол градејќи кариера на голем патриот и војвода кој, нели, немилосрдно се пресметува со бугарските политики, тогаш тоа е веќе сосема друга работа.

Не може “Не ми ги спомнувајте повеќе Бугарите” со “Сакам бугарски пасош”. Не оди, нели?

Да постетам дека за да започнеш постапка за добивање на бугарски пасош, мора да се изјасниш дека имаш блгарско самочувствие. Ова најдобро го знае неговата министерка, која ни после 10 месеци сѐ уште не се сеќава дали има бугарска самосвест и за тоа го консултира адвокатот. Истотака, мораш СВОЕРАЧНО ДА ПОТПИШЕШ ДЕКА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е БУГАРИН, односно дека сите македонски дејци се Бугари.

Белким не го сторил ова.

Војводо, македонската нација го чека твојот одговор!

Андреј Жерновски

Back to top button
Close