Жестока расправа во Народното собрание на Бугарија за францускиот предлог и Македонија

Парламентот во Бугарија собра кворум и почна со работа по двата неуспешни обиди вчера и во средата. На пленарот се расправа за францускиот предлог со цел укинување на ветото за почеток на преговорите за членство во ЕУ на Северна Македонија, пренесе тв21.

„Не само ние од Вазраждане, туку секој нормален Бугарин нема да прифати предавство на бугарскиот национален интерес“, рече Костадин Костадинов.

„Им благодариме на нашите европски пријатели, на нашето европско семејство, што ги слушнаа нашите аргументи, не само сега, туку и кога инсистиравме бугарските услови да бидат дел од преговарачката рамка“, рече Десислава Атанасова од ГЕРБ.

„Дали е т.н „Француски предлог, добро е, добро е, го кажаа и шефот на дипломатијата и претседателот, ако не верувате, слушнете што зборуваат во Скопје, бидејќи велат дека за нив е неприфатливо“, рече Христо Иванов од Демократска Бугарија..

повеќе

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close