Жезус и Тросар ќе го напуштат Арсенал
Крилните напаѓачи на Арсенал, Бразилецот Габриел Жесус (28) и Белгиецот Леандро Тросар (30), ќе бидат ставени на трансфер листата во зимскиот преоден рок, јавија денеска британските медиуми.
Тренерот на лондонскиот премиерлигаш Микел Артета во голема мера се потпираше на Жезус и Тросар во последните три сезони, но доаѓањето на шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш донесе промени.
Арсенал ова лето потроши близу 300 милиони евра за нови засилувања. Најголемиот дел од парите се потрошени за играчите од средниот ред Мартин Зубименди и Еберечи Езе, како и за централниот напаѓач Ѓокереш, кој постигна 97 голови во последните две сезони во Спортинг.
Договорите на Жезус и Тросар истекуваат во јуни 2027 година и Арсенал ќе се обиде да ги продаде што е можно поскоро за да извлече што е можно повеќе пари како компензација