ЗХГ: Без пари, без коалиции, но со јасна порака, борбата продолжува

По завршувањето на првиот изборен круг, граѓанската иницијатива Зелен хуман град (ЗХГ) упати благодарност до скопјани за поддршката, и покрај, како што наведуваат, речиси нула буџет, отсуство на кандидат за градоначалник и самостоен настап надвор од какви било коалиции.

Во својата објава, Марјан Калевски, новоизбраниот советник во Советот на Град Скопје, истакна дека и покрај „ударите од блиску и далеку“, иницијативата останала доследна на своите принципи. „Без афери, скандали и коалиции од корист – со чист образ до крај“, стои во објавата на Калевски

Back to top button
Close