Жичарницата на Водно од утре ќе работи од 10 до 17 часот

Жичарницата на Водно од утре ќе работи по зимски режим, односно, од 10 до 17 часот, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.

-Во период 16:00 до 16:30 часот ќе биде последно возење од долу кон врвот, односно, во 16:45 часот од врвот надолу, соопштија од ЈСП.

Ова работно време ќе се применува до март 2024 година.

Од ЈСП Скопје информираат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот се неработни денови за жичарницата.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close