Жичницата на Водно ќе се пушти во употреба во текот на наредната недела
Жичницата која пренесува патници до Водно ќе започне да функционира во текот на наредната недела, информираат од ЈСП „Скопје“.
Имено, како што велат од ова јавно претпријатие, завршени се сите неопходни процедури за пуштање на објектот во функција од технички и безбедносен аспкет, а одобрен е и Протоколот за работа на Жичарницата во услови на ковид-19.
– Согласно протоколот за користење на Жичарницата во услови на ковид-19, меѓудругото, предвидено е: во кабина да се дозволи превоз на максимум 4 лица, односно искористеност на 50 отсто од вкупниот капацитет на кабината, патниците да носат заштитна маска, три пати во текот на денот да се врши дезинфекција на подот и внатрешноста на кабините – објаснуваат од ЈСП „Скопје“.
Инаку, жичницата престана да работи на 15.03.2020 година, како една од мерките за заштита од ковид- 19.