Жичницата од Средно до врв на Водно не работи поради силниот ветер

ЈСП Скопје информира дека денеска не работи жичницата од Средно до врвот на Водно поради силниот ветер.

-Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.

Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, информира претпријатието.

Back to top button
Close