Педофил од Берово преку Фејсбук намамувал 11-годишно девојче

Министерството за внатрешни работи поднесе две кривични пријави против две лица – едно од Берово и друго од Прилеп за кривични дела сторени преку социјалната мрежа Фејсбук.

Одделението за внатрешни работи Берово, како што соопштија од МВР, поднесе кривична пријава против Д.С.(36) од с.Двориште, Беровско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „намамување на обљуба или друго полово дејствие на малолетник кој не наполнил 14 години“.

„Д.С. во повеќе наврати преку социјалната мрежа Фејсбук и преку телефонски повици, пишувал и се јавувал на 11-годишно девојче од беровско село наведувајќи го на средба“, појаснуваат од МВР.

Другата кривична пријава сторена преку Фејсбук е од Одделението за внатрешни работи Прилеп против С.М.(36) од Прилеп поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

„С.М. на 28.10.2020 преку својот Фејсбук профил во коментар на друг Фејсбук профил објавил фотографија и натпис со навреди односно потикнувал насилство“, соопштија од МВР.

Back to top button
Close