Жител на демиркаписко Чифлик се повредил при градежни работи во Кавадарци

– Жител на демиркапиското село  Чифлик се повредил вчера при градежни работи во Кавадарци, информираа денеска од СВР Велес.

Од кавадаречката болница, во ОВР Кавадарци  било пријавено дека  е донесено повредено лице.
Од страна на полициски службеници било излезено на лице место и е констатирано дека човекот бил вработен во кавадаречка фирма, паднал и се здобил со телесни повреди, додека изведувал градежни работи.

Известени биле обвинител  и трудов инспектор, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close