Жител на Радовишко е осомничен за силување на 12-годишно девојче, одреден му е 30-дневен притвор
Жител на Радовишко е осомничен дека пред една недела силувал дванесетгодишно девојче од валандовско село, соопшти денеска Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Како што информираат оттаму, надлежното Основното јавно обвинителство Гевгелија донело наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кривично дело силување дете кое не наполнило 15 години, според член 188 став 1 од Кривичниот законик.
„Осомничениот жител на радовишко на 22 јануари имал полов однос со 12-годишно девојче од едно валандовско село, со кое претходно комуницирале преку социјална мрежа“,се наведува во соопштението на Обвинителството.
На барање на јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија на осомничениот му одредил 30-дневен притвор поради опасност од бегство и уништување на трагите од кривичното дело.