Жител на Романовце со „ауди“ удрил полицаец, се обидел да избега, полицијата ќе му поднесе пријава

Кумановската полиција уапси лице од кумановското село Романовце, бидејќи не почитувал наредби, со возило удрил и физички нападнал полициски службеник, се обидел да избега, информираше денеска МВР. Полицијата ќе му поднесе пријава.

– Вчера во 23:30 часот во село Романовце, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Ч.(28). Околу 22:30 часот во село Отља, липковско, тој не застанал на даден знак за запирање и со возилото „ауди а3“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во полициски службеник и продолжил со движење. Во близина на село Романовце тој застанал, го напуштил возилото и почнал да бега, по што еден од полициските службеници испукал два предупредувачки куршуми во воздух. Набргу е стигнат и фатен, при што пружал отпор и физички нападнал полициски службеник, соопшти МВР.

С.Ч. е задржан во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Back to top button
Close