Жител на Турција со фалсификувани хрватски документи приведен на охридскиот аеродром

На 2. јануари 2023 година, во 13:00 часот на Граничниот премин Аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода 36-годишниот Е.К. од Република Турција, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека хрватската патна исправа што ја приложил на увид била фалсификувана.

Исто така, при преглед кај него биле пронајдени фалсификувани хрватска лична карта и хрватска возачка дозвола. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Охрид за понатамошна постапка, информираат од МВР

Back to top button
Close