Жители на Прилепско ги блокираа камионите на „Бехтел и Енка“
Нова блокада на пат во Прилепско, кој жителите на областа и активисти претходно го блокираа со месеци, се случи спонтано денес откако биле забележани камиони на „Бехтел и Енка“ во обид да влезат на стариот коп, кој беше спорен во 2024 година.
Откако камионите утрово дошле со бројна полициска придружба, по само еден час полицијата ги придружувала надвор од местото. Жителите на селото Ореовец и активистите велат дека станува збор за „повторен напад од државата и ‘Бехтел и Енка’ врз Прилеп за отворање на нови рудници за мермер“ и за утре најавуваат нова блокада од 7 часот наутро