Жители од Кисела Вода повторно без вода: „Истата цевка пука веќе 14 години“
Жители на Кисела Вода преку објава во Фејсбук групата „Ѕид на Општина Кисела Вода“ реагираат дека повторно останале без вода поради пукната цевка, барајќи надлежните конечно да го решат долгогодишниот проблем.

„Кој ќе го реши проблемот? Накај Припор, по долот. На 40 степени да немаме вода во 21 век“, стои во објавата.
Во коментар на објавата, друг жител тврди дека причината е шахта која, како што наведува, создава проблеми веќе 14 години.
„Оваа шахта има проблем 14 години. Не е нормално на секој еден месец да пука. Не ме интересира кој градоначалник е, сите се исти. Ме интересира кој ќе се најде мајстор да го поправи ова чудо од шахта еднаш засекогаш“, пишува во коментарот.
Жителите бараат трајно решение, наместо, како што велат, постојани интервенции на истиот дефект.






