Жителите на Хонг Конг со поддршка за слободата на медиумите

Жителите на Хонг Конг во редови денеска чекаа пред штандовите да купат копија од весникот „Епл дејли“ (Apple Daily) и на тој начин да ја поддржат слободата на медиумите во полуавтономната кинеска територија.

Јавната поддршка уследи еден ден откако полицијата го уапси издавачот на „Епл дејли“ Џими Лаи и изврши претрес во неговата компанија.

Лаи (72), сопствник на дневниот весник „Епл дејли“ и магазинот „Некст“ (Next magazine), кои се критички кон кинеските власти, вчера е уапсен врз основа на новиот Закон за национална безбедност во Хонг Конг. Покрај Лаи уапсени се и неговите два сина и други вработени.

Најмалку 200 полицајци вчера упаднаа во седиштето на компанијата „Некст диџитал“ (Next digital), која го издава „Епл дејли“.

Жителите на Хонг Конг тоа го оценија како гушење на слободата на медиумите.

Продавач на весници изјави дека претпладне продал 200 од вкупно 300 копии, истакнувајќи дека обично продава околу 100 примероци од „Епл дајли“.

Законот за национална безбедност Пекинг го воведе и во Хонг Конг кон крајот на јуни, како одговор на повеќемесечните демонстрации во 2019 година, најголеми од 1997 година, кога на Кина и е вратена територијата, што дотогаш беше под британска колонијална управа.

Продемократското движење го осуди Законот како инструмент за задушување на на секое несогласување со централните власти во Пекинг.

Back to top button
Close