Жителите на Киев ноќта ја поминаа во засолништа и подруми

Руската војска го стега обрачот околу Киев, а од 4.30 часот по локално време во Киев одекнуваа експлозии.

Советник во украинската влада рече дека срушен е украински авион и дека спречени се повеќе ракетни напади. Во зградите што горат има повеќе повредени. Украинскиот претседател потврди дека има ракетни напади врз Киев.

Жестоки борби траат од вчера. Руските сили напаѓаат од повеќе насоки, а ги поддржуваат сепаратистите од Белорусија. На украинските градови паѓаат проектили, се слушаат сирени, а голем број граѓани ги напуштаат градовите.

Дел од жителите на Киев се кријат од воздушните напади во засолништа и станиците на метрото. Повеќето со себе имаат само најпотребни работи, а спијат по столици и на картони.

Back to top button
Close