Жителите на Љубојно одржуваат протести за извршено масовно и прекумерно сечење на шумата

Жителите на преспанското село Љубојно веќе неколку дена одржуваат протести и блокади на локацијата над селото на која, според нив, е извршено масовно и прекумерно сечење на шумата.

75 години никој нема чепнато ниту едно дрво, а сега некој сака да ја уништи цела планина за неколку дена! Загрозена е водата на цело село, при поголем дожд ќе се контаминира резервоарот! Ќе се зголеми ерозијата на земјиштето, ќе се поплави цело село!“, велат љубојнчани во објава на социјалните мрежи.

Тие бараат сечата, за која властите велат дека е планирана и „регуларна“, итно да запре, а во спротивно ќе организираат и порадикални протести и блокади.

„Испратено е официјално писмо до Македонски шуми, градоначалникот на Ресен, МЗШВ, Државен инспекторат за шумарство и водостопанство и МЖС, но од таму изјавија дека сечата е легална!“, велат жителите на Љубојно и активистите кои им се придружија во протестот.

 

 

 

 

Back to top button
Close