Жив го фатил – разбојник украл пари и предмети од куќа, па се судрил со сопственикот
СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.Ј.(33) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“, „тешка кражба во обид“ и „разбојничка кражба“.
На 26.01.2025, пријавениот влегол во куќа во Штип и одзел пари во различни апоени и други предмети.
Притоа, пријавениот бил затекнат од сопственикот Л.П., по што меѓу нив настанала физичка пресметка.