Живеачката ни била во позитива. Платите растеле 11,12 до 13 % инфлација просечно 4 и имаме поголем стандард за 7 % изанализирал Мицковски
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека стандардот на граѓаните е во позитива бидејќи растот на платите е поголем од инфлацијата. Како што кажа, растот на платите е и до 13 отсто месечно, а инфлацијата во просек е 4 отсто.
„Ако ние имаме раст на платите од 11, 12, 13 проценти на месечно ниво, а инфлација условно кажано во просек од 4 проценти, тогаш нето имаме зголемување од 7 проценти. Каква беше состојбата пред година и пол, две: тогаш имавме просечна инфлација од 15, 18, 20 проценти и раст на платите кој што беше под нивото на инфлација, што значи дека стандардот беше во негатива, односно во минус, за разлика од сега кој е во позитива“, рече премиерот Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при презентација на оклопни возила од САД во штипската касарна „Јане Сандански“.