Живот на улица: 4.000 деца питачат, тригодишни деца користат лепак и наркотици

Четири илјади деца и луѓе на поголема возраст питачат во Северна Македонија, а околу 50 деца на возраст од 3 до 14 години користат наркотични средства. Ова го покажува истражувањето на Здружението „Градиме иднина“, од каде посочуваат дека четири илјади деца во земјата се под ведро небо, 18.700 не се во училишните клупи, а 1.500 деца од ромската популација не се евидентирани со матични броеви.

Во истражувањето спроведено во рамки на проектот „Стоп за питачење и злоупотреба на децата и нивното здравје“ почнат од 3 декември 2021 година, се наведува дека само во главниот град Скопје бројката на децата питачи е зголемена од 70 на 100.

Илија Јовановски, претседател на „Градиме иднина“ вели дека досега три деца на тригодишна возраст починале со користење на лепило и наркотични средства.

На средба со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска побарале дополнување и измени во Законот за заштита на децата.

Институционална грижа

Еден апел до возачите – престанете да им давате финансиска помош. Државата и Министерството се должни да го решат овој горлив проблем“, вели Јовановски.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека грижата за децата и семејствата во социјален ризик е нивен приоритет.

За таа цел во координација со Министерството за внатрешни работи во изминатиот период се преземени конкретни чекори за намалување на питачењето кај децата на улица и нивните родители. Се вршат терански активности на критични локации на територијата на град Скопје

За таа цел во координација со Министерството за внатрешни работи во изминатиот период се преземени конкретни чекори за намалување на питачењето кај децата на улица и нивните родители. Се вршат терански активности на критични локации на територијата на град Скопје.

 

Мобилни тимови

 

Поради зголемениот број на питачи, формирани се мобилни тимови составени од стручни лица од центрите за социјални работи кои во соработка со МВР, имаат месечни планови за теренски активности на целата територија на град Скопје. „На терен, постапуваат инспектори за малолетници и стручни лица од Центарот, претставници од здруженија, кои преку превентивен и едукативен пристап  со децата  и нивните семејства, имаат за цел да ги воочат ризиците од оваа социо-патолошка појава“, укажуваат од министерството.

Отворени се и два дневни центри за деца на улица  во Кисела Вода и Шуто Оризари. Основна улога на Дневниот центар  за деца на улица е отстранување на децата од улица и нивна инклузија односно вклучување во општеството преку усвојување на различни социјални вештини. Покрај работата со децата, се работи и со биолошките родители преку јакнење на нивните родителски капацитети, одговорно родителство и вклучување во системот на социјална, детска и здравствена заштита, укажуваат од надлежното министерство.

Повеќе

 

 

Back to top button
Close