Жртвите на Вајнстин ќе добијат приближно 19 милиони долари

Жртвите на сексуалните напади на американскиот филмски продуцент Харви Вајнстин ќе добијат вкупно околу 19 милиони долари, изјави главната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс.

Вајнстин е прогласен за виновен и сега ја издржува казната од 23 години затвор.

– Помогнавме да се обезбедат речиси 19 милиони долари за оние жртви кои преживеале сексуално насилство и вознемирување од Харви Вајнстин – напиша таа на „Tвитер“.

Натаму се додава и дека исплаќањето допрва треба да биде одобрено од Судот.

Back to top button
Close