Жртвите од коронавирус во САД повеќе од американските загуби во Првата светска војна

 Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во САД денеска стана поголем од бројот на луѓе кои земјата ги загуби во Првата светска војна. Во изминатите 24 часа во САД беа регистрирани 740 смртни случаи и 23.351 заразен, а дневно има по околу 20.000 заразени.

Според податоци на универзитетот „Џонс Хопкинс“, во САД од Ковид-19 досега веќе починале 116.963 луѓе, додека за време на Првата светска војна, загубите на САД биле 116.516 луѓе.

Научниците укажуваат дека двете цифри можеби не ја отсликуваат реалната слика на бројот на жртви како од Ковид-19 така и за време на Првата светска војна.

Back to top button
Close