Жунињо: Нејмар е алчен како секој Бразилец, го интересираат само парите

Поранешниот фудбалер на Лион, а сега и спортскиот директор на клубот, Жунињо го критикуваше напаѓачот на ПСЖ, Нејмар. Според него, алчноста во менталитетот на Бразилците дојде до израз и кај неговиот сонародник.

– Во Бразил, ние сме научени да се грижиме само за парите, додека во Европа луѓето имаат поинаков менталитет. И јас бев научен да одам таму каде што плаќаат повеќе. Ова е бразилскиот начин. Нејмар потпиша договор со ПСЖ само заради пари. Парискиот клуб му даде сè што сакаше, а сега тој сака да си замине пред крајот на неговиот договор. Нејмар мора да даде сè што има на теренот, да покаже целосна посветеност и лидерство. Проблемот е во тоа што Бразил има култура на алчност. Тие секогаш сакаат повеќе пари, изјави Жунињо.

Нејмар во ПСЖ дојде во 2017 година за рекордни 222 милиона евра.

Back to top button
Close