Зибери: Има две уставно загарантирани права на штрајк и образование, но треба да натежне правото на децата  

Народниот правобрантел Насер Зибери доби четири-пет претставк од родители кои бараат да се преземат сите мерк за да продолжи наставниот процес, откако беше прекинат порад штрајкот во организација на СОНК.

Зибери кажа дека родителите ги поддржуваат наставниците, но сепак мора да се најде начин како да продолж учебната година.

Правобранителот кажа дека ситуацијата има две уставно загарантирани права, правото на штрајк и правото на образование на децата. Сепак, во меѓународното право треба да натежне правото на децата.

„Сакам побрзо да продолжи образовниот процес. Имавме состанок со СОНК и предложивме да се зголемат платите за 10 проценти“, кажа претходно Јетон Шаќири, министер за образование.

Back to top button
Close