Зибери: Македонија е созреана за рамноправни услови без да е важна етничката припадност

Јас можам да бидам амалгам што ќе ги приближи и нема да ги оддалечува ставовите на политичките партии и да бидам шанса за перспектива на граѓаните, со овие зборови Насер Зибери кандидатот за премиер од редовите на партијата Демократска унија за интеграции (ДУИ) ја побара поддршката од гостиварци.

Зибери во рамки на кампањата, денеска при неговата посета на Гостивар оствари повеќе средби со граѓаните, стопанственици и претприемачите на кои им ја претстави иницијативата за еднаква економија во приватниот сектор. Тој во разговорите ја образложуваше неговата кандидатура за која рече дека таа се базира на подобрување на меѓуетнички односи.

– Целта на мојата кандидатура за претседател на владата е да се испрати порака дека Македонија созреа за да создава рамноправни услови за натпревар било тоа на политички, економски, социјален и секаков план. При тоа етничката припадност да не биде клучниот или единствениот критериум со кој некому ќе му се дава шанса за да оди напред. Доколку се сплотиме околу постулатите за заедништво, рамноправност и за европските вредности, ќе создаме тло врз кое ќе се гради заедничката перспектива, рече Зибери.

Во разговорите со сопствениците на компании кои ги почитувале принципите за кои се залага, тој им кажал дека како иден премиер ќе ги поддржува. Зибери во два наврати даваше изјави, а при тоа на симболичен начин ја демонстрираше поддршка на кампањата за купување на домашни производи и по посетата на маркетите на Монтенегро и ЕТЦ и притоа купи неколку производи за кои рече дека се од домашно производство.

Тој се промовираше како фактор на спојување на различностите, бидејќи како што оцени биполаризмот и затегнатите односи не ја водат државата напред.

– Сакам да се наметнам како кандидат кој нуди подобра перспектива, подобра алтернатива и просперитет за сите. Верувам во себе, верувам во субјектот кој ме поддржува во ваквите ставови, дека можам да бидам еден амалгам кој ќе ги приближи, а не оддалечи ставовите помеѓу различните политички партии и да бидам шанса за перспектива на граѓаните, рече Зибери.

Зибери при средбите беше придружуван од кандидатите за пратеници од листата на ДУИ за 6ИЕ, Арта Биљали Зендели, Вјолца Љатифи Адеми и Хасим Деари.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close