Зибери: Полицијата употребила прекумерна сила при претрес – им кршеле раце и нозе на затворениците во Идризово

Народниот правобранител Насер Зибери годината која изминува ја оцени како неповолна за затворениците оти полицијата употребила прекумерна сила и ги мачела при претресот во КПУ „Идризово“ од октомври годинава.

Зибери денеска во детали зборуваше за наодите по увидот што тие го направиле по претресот. Рече дека и според изјавите на затворениците и според видеоснимките, по претресот, лекарска помош побарале вкупно 60 затвореници, но во ниеден момент не спомена дека при претресот беа повредени десетмина полицајци.

Тој извести дека ќе иницира кривични пријави за тортура и за припадниците на специјалните полициски сили и за затворските полицајци, кои учествувале во претресот оти употребиле прекумерна сила, ги мачеле затворениците, кои веќе биле совладани.

„Според нивните искази, затворениците насила биле вадени од креветите во кои спиеле, биле тепани иако не давале отпор. Потоа биле врзани и извадени во ходниците, каде што биле оставени да клечат со врзани раце. По кажување на затворениците, тие биле принудени да ги исчистат просториите од искршените предмети при претресот и дејствувањето на полицијата и при спроведување на акцијата за собирање и чистење повремено биле удирани од полицијата. Од увидот кај осудените лица беа констатирани видливи повреди и со нивна согласност обезбедени се фотографии, а од целиот настан обезбедена е видеоснимка“ – рече Зибери.

Вели дека видеоснимката ги потврдила исказите на десеттемина затвореници со кои разговарале.

„При влегување на полицијата осудените лица се разбегуваат по своите соби, а потоа полицијата и службените лица влегуваат во собите. Од ова може да се констатира дека при влегувањето на полицијата во просториите не се соочиле со отпор од страна на осудените лица за да употребат физичка сила. Исто така, по прегледувањето на ќелиите, некои од затворениците се врзани, значи совладани, а полицијата продолжила со употреба на физичка сила“, објасни Зибери.

Народниот правобранител рече дека „осудените лица добиле повреди во пределот на главата, екстремитетите, грбот и други делови од телото. Едно осудено лице добило скршеница на раката, а друг затвореник скршеница на ногата. Во собите затекнавме скршени телевизори, шкафчиња и друга опрема, а во ходникот оставени куп скршени предмети

Back to top button
Close