Зибери: Во Владата на ДУИ, министрите ќе депонираат оставки на денот на нивниот избор

„ Ние мора да го напуштиме клишето на досегашното управување со Владата на затворени седници, Транспарентноста е основниот елемент и принципот на секоја демократија, затоа во новиот мандат ќе се заложам седниците на Владата во иднина, да бидат јавно достапни, така што јавноста може директно да ги следи сесиите и случувањата на неа. Содржината на Владините седници не треба да бидат предмет на разни гласини, толкувања и меѓусебни несогласувања. Дебатите и одлуките на Владата треба да бидат достапни за јавноста за граѓаните да бидат информирани за сите круцијални теми“ истакна Зибери, посочувајќи дека овој принцип ќе се имплементира на неделна основа, како што се организирани и редовните седници на Владата.

„ Покрај транспарентноста, на седници на владата ќе биде поканет и најистакнатиот експерт во одредени области кога темата на Владата ќе бидат основните реформи за прашања од економски развој, образованието, социјална помош и други специфични сегменти од општествено значење. За нас е многу неопходно пред донесувањето на одлуките да се слушне гласот на експертите, гласот на професорите, академиците, луѓето од науката, така што одлуките на Владата ќе имаат научни поткрепа и ќе се засноваат на идеите и предлозите од академскиот свет.“, посочи Зибери, како предуслов за професионализација и ефикасност на работењето на идната Влада.

„ Одговорноста треба да биде основен принцип на функционирање на која било Влада, затоа јас ќе побарам уште на самиот ден кога ќе бидат назначени новите министри и заменици министри, да ми достават изјава за оставка, за во моментот кога Премиерот ќе процени дека потребно е да се направат измени и освежувања во неговиот кабинет, тоа веднаш да се спроведе“ посочи Зибери, упатувајќи на мерката со која секој министер ќе биде предмет на процес на верификација на спроведувањето на владините политики на секои два месеци, со што ќе се создаде можност за оценка на носителот на јавната фунцкија од аспект на неговата инвентивност, успешност и активност. Доколку одреден Министер не ги исполни критериумите и стандардите што ќе ги поставам во тој момент, ќе ја активирам однапред доставената оставка“, истакна Зибери.

Зибери вети посебно внимание и за важните меѓународни практики и особено во насока на стекнување на меѓународно искуство во лидерство и управување, како и создавање на економски политики што ќе бидат во функција на развојот на приватниот сектор. Во насока на привлекување на меѓународните искуство, Зибери најави дека при формирањето на идната Влада, ќе ги замоли партнерите на коалицијата – 20 проценти од позициите кои ќе ги предложат, без разлика дали се во ранг на министри, заменици министри или директори на државни институции, да бидат од дијаспората,
или, пак, еминентни претставници со докажано искуство од бизнисот.

„ За среќа имаме албански, македонски и други граѓани кои се докажани на меѓународниот пазар, а на Северна Македонија ѝ е потребно ова искуство. Верувам дека владата изградена врз основа на овие темели и врз овие принципи може да биде многу поефикасна, може да биде многу поуспешна, може да биде многу потранспарентна и, пред сè, одговорна“ истакна Зибери, посочувајќи дека одговорноста треба да биде основа за градење доверба меѓу Владата, гласачите и Парламентот.

Back to top button
Close