Зибери: Законот за легализација на дивоградби ги вознемири граѓаните

Народниот правобранител Насер Зибери на Телма истакна дека новиот закон за легализација на дивоградбите предизвика дополнителна вознемиреност кај граѓаните.

-За волја на вистината, сличен Закон ние имавме од 2012 година, со кој се предвидуваше легализација на сите нелегално изградени објекти до 2011 година. Истиот Закон во неколку наврати беше изменет само во деловите каде што се предвидуваше рокот за барање на легализација. Но, последното дополнување на овој Закон предизвика дополнителна вознемиреност кај граѓаните, бидејќи ги надминуваат рамките за кои претходно стануваше збор. Законот ја проширува палетата на објектите кои можат сега да се легализираат, освен објектите за индивидуална станбена градба, оди понатаму и овозможува легализација на објектите од земјоделски карактер. Мој впечаток е дека не се води сметка и нема никаков критериум – вели Зибери.

Тој посочува дека законот прави само еден исклучок во однос на крајбрежјето на Охридското езеро.

Back to top button
Close