Зидан е третиот тренер со 200 натпревари како предводник на Реал

Зинедин Зидан стана третиот тренер кој мина 200 натпревари на клупата на Реал Мадрид. Денешната средба од 28. коло од шпанската Ла Лига против Еибар е негов јубилеј.

На претходните 199 натпревари, под водство на Зидан, Реал Мадрид победи 131 пати, 42 пати ремизира.

Повеќе од Зидан, Реал го предводеа само Висенте дел Боске (246) и Мигел Муњоз (605).

Back to top button
Close