Зимскиот бран на коронавирусот би можел да биде полош од првиот, велат британските научници

Велика Британија би можела да има уште 120.000 смртни случаи од коронавирус во вториот бран на заразата оваа зима, велат научниците.

Правејќи „разумно“ најлошо сценарио, тие проценуваат дека само во болниците би можеле да починат меѓу 24.500 и 251.000 луѓе, при што очекуваат врвот на ширењето на заразата да биде во јануари и февруари. При правењето на проценките, предвид не биле земени воведување карантини, третмани и евентуална вакцина.

Во Велика Британија досега починале 44.830 луѓе од ковид-19, од кои 1.100 овој месец, кога ширењето се успорило.

 

 

„Постои висок степен на неизвесност како пандемијата на коронавирусот ќе се одвива во зима. Но, раните истражувања имаат покажано дека вирусот може подолго да преживее во постудени услови и полесно се шири кога луѓето повеќе време поминуваат во затворено“, изјави главниот научен советник на британската влада Патрик Валанс, претставувајќи го извештајот.

Експертите се загрижени и дека здравствените служби ќе се најдат под поголем притисок, не само поради коронавирусот, туку и поради појавата на сезонскиот грип.

Back to top button
Close