Зимскиот распуст да трае два месеци, бараат општините во Полошко

Поради енергетската криза, деветте општини од Полошкиот регион официјално поднесоа барање до Министерството за образование и Заедницата на единиците на локалната самоуправа со која бараат декември и јануари да бидат распуст за учениците од основните и средните училишта во Полошко.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, чија идеја е затворањето на училиштата, вели дека изгубените часови ќе се надоместат со продолжување на наставата во текот на летото или преку онлајн-часови.

Општина Гостивар и Тетово подготвиле план за скратено работно време во текот на зимата за вработените во општинската администрација.

-Идејата е со оглед на тоа што сметките за енергија годинава се три до четири пати повисоки од лани, месеците кога е најстудено, јануари и декември, годишниот распуст да трае два месеци или да се разгледа опцијата за дигитални алатки, со цел да заштедиме енергија. Или распустот да биде во јануари-февруари или декември – јануари, а учебната година да продолжи до 30 јуни и да почне на 15 август, рече Таравари.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close