Златна палма за филмот „Тоа беше само несреќа“ на иранскиот режисер Панахи

Филмот „Тоа беше само несреќа“ на иранскиот режисер Џафар Панахи е добитник на Златната палма на 78-от Кански филмски фестивал.

Филмот е трилер за група поранешни затвореници во Иран кои успеваат да го киднапираат чуварот наводно одговорен за нивно мачење во затвор.

Тој претходно ги освои главните награди на Филмскиот фестивал во Венеција и на Берлинале. Панахи неколку пати е апсен во Иран поради неговите филмови.

Втората најважна награда на фестивалот, Гран при, му припадна на Јоаким Трир за неговиот филм „Сентиментална вредност“.

Наградата на жирито им беше доделена на „Звук на паѓање“ од Маша Шилински и „Сират“ од Оливер Лаксе.

Клебер Мендонса Фиљо ја освои наградата за најдобар режисер за „Тајниот агент“, додека „Воскресение“ на Би Ган ја доби Специјалната награда на фестивалот.

Надија Мелити ја освои наградата за најдобра актерка за нејзината улога во филмот „Малата сестра“. Вагнер Моура ја доби наградата за најдобар актер за „Тајниот агент“.

Наградата за најдобро сценарио им припадна на Жан-Пјер и Лук Дарден за нивниот филм „Млади мајки“.

Вечерва завршува 78. Меѓународен филмски фестивал во Кан, а со жирито претседаваше француската актерка Жилиет Бинош.

Back to top button
Close