„Златната топка“ -2020 откажана, наградата нема да биде доделена за прв пат од востанувањето

 Наградата „Златна топка“ која се доделува на најдобриот фудбалер во годината, за прв пат нема да биде доделена откако е востановена во 1956 година.

Списанието „Франс фудбал“, организатор на церемонијата која традиционално се одржува на крајот на секоја година, објасни дека не постојат фер услови за доделување на наградата.

– „Златната топка“ – 2020 е откажана. Наградата нема да биде доделена за прв пат од почетокот на нејзиното етаблирање, соопштија од „Франс фудбал“.

Од 2008 до 2019 година наградите ги освојуваа Лионел Меси (шест пати) и Кристијано Роналдо (пет пати), со исклучок на 2018 година кога Лука Модриќ беше прогласен за фудбалер на годината.

Back to top button
Close