Злато за Елена Петрова: Македонската велосипедистка доминираше на Гран Фондо 2025 во Нови Сад!

На 8 јуни 2025 година, во срцето на Војводина – Нови Сад, соседна Србија, се одржа меѓународната велосипедска трка „Гран Фондо 2025″, која собра повеќе од 500 натпреварувачи од цела Европа. Трката вклучуваше две категории: Гран Фондо (100 километри со 1.500 метри искачување) и Медио Фондо (77 километри со 1.100 метри искачување), на кои учествуваа велосипедисти од различни возрасни категории и нивоа.

Во силна конкуренција, македонската велосипедистка Елена Петрова (31) заблеска со фантастичен настап. Со впечатливо темпо и совршена кондиција, таа не само што го освои првото место во женската категорија од 19 до 34 години, туку извојува и победа во генерален пласман кај жените, надминувајќи ги сите ривалки без оглед на возраст и искуство.

Со оваа победа, Петрова уште еднаш го потврди статусот на една од најперспективните велосипедистки во регионот, а воедно и испрати силна порака дека македонскиот спорт расте и чекори кон европската елита.

Овој триумф е значаен подвиг за македонскиот велосипедизам, инспирација за сите млади спортисти и гордост за целата спортска јавност.

Back to top button
Close