Злато за Линсбергер во женскиот слалом на СП во алпско скијање

Австријката Катарина Линсбергер го освои денеска златниот медал на Светското првенство во алпско скијање во Кортина д’Ампецо.

Линсбергер, која беше првопласирана и по првата трка, стигна до својот трет медал во Кортина со време од 1:39:50.

Австриската скијачка претходно го освои златото во паралелен слалом, како и бронзата во велеслалом.

Сребрениот медал попладнево го освои Петра Влхова од Словачка, заостанувајќи една секунда зад Линсбергер, додека бронзениот медал и припадна на четирикратната последователна победничка во слалом, Американката Микаела Шифрин. Таа зад Линсбергер заостана 1, 98 секунди. е

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close