Злато за Меклафин Леврон на 400 метри со второ најбрзо време во историјата

Американската атлетичарка Сидни Меклафлин-Леврон го освои денеска златниот медал во трката на 400 метри на Светското првенство во Токио, истрчувајќи го второто најбрзо време во историјата во оваа дисциплина (47,78 секунди), што воедно е и рекорд на светските првенства.

Светската рекордерка на 400 метри со пречки, дисциплина во која доминираше во последните години и освои четири златни олимписки медали (индивидуално и во штафетата на Олимписките игри во Токио 2021 и Олимписките игри во Париз 2024), оваа година одлучи да се фокусира на патеката од 400 метри. Ниту една атлетичарка не истрча под 48 секунди на 400 метри од 1985 година.

Олимписката шампионка Марилејди Паулино од Доминиканската Република го освои среброто со време од 47,98, а бронзата ѝ припадна на Салва Еид Насер од Бахреин со време од 48,19.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close