ЗНМ ќе додели новинарски награди за „Креативност и новинарска етика

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска ќе ги додели новинарските награди на тема „Креативност и новинарска етика“.

Во едукативниот културен центар „Лабораториум“  ЗНМ напладне ќе ги додели наградите посветени на борбата против дезинформациите и промовирање на родово чувствително известување, поттикнувајќи го јакнењето на новинарскиот интегритет.

Воведни обраќања на настанот ќе има претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, Армен Григорјан – постојан претставник на УНДП, како и претседателката на Комисијата за оценување и избор на најдобри новинарски стории за 2023 година – Леунора Калиќи.

Back to top button
Close