ЗОИ 2026: Австралијката Ентони освои злато во категоријата Дуал Магулс слободно скијање

Австралијската скијачка Џакара Ентони, ја освои титулата во акробатско скијање  „Дуал Магулс“ на Олимписките игри во 2026 година.

Во последниот настап таа освои 20 поени, победувајќи ја Американката Џалин Кауф (15).

Американката Елизабет Ламли заврши трета. Во дуелот за третото место, таа освои 18 поени и ја победи Французинката Перин Лафонт (17).

Дваесет и седумгодишната Ентони е двократна олимписка шампионка. Таа освои злато во категоријата „Магулс“ во Пекинг во 2022 година.

Back to top button
Close