ЗОИ 2026: Чешка ја победи Данска и си закажа четвртфинале со Канада на хокеарскиот турнир

Репрезентацијата на Чешка вечерва ја победи Данска со 3:2 во натпревар од квалификациската рунда на хокеарскиот олимписки турнир за мажи во Милано.

Четириесетгодишниот Роман Червенка, го постигна победничкиот гол и имаше асистенција. Мартин Нечас и Давид Кампф исто така постигнаа по еден гол за Чесите.

Александар Тру и Ник Олесен ги постигнаа головите за Данска.

Чешка се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри 2026 каде што ќе се соочи со Канада.

Претходно во текот на денот:

Германија – Франција 5:1

Швајцарија – Италија 3:0.

Вечерва играат Шведска – Летонија.

Back to top button
Close